| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата ќе вози „Шевролет спарк“

Шевролет спарк“ е новиот автомобил на полицијата. Oд четирите компании кои лицитираа на огласот на Министерството за внатрешни работи за набавка на 100 возила, МВР ја одбра најниската ценовна понуда што беше и услов за добивање на тендерот, јави „24 вести“.

Компанијата „Авто Македонија“ ја симна првичната понуда од 47 милиони денари на 45. 350.800 денари. Покрај Шевролет во игра беа и „Автонова“ со „Цитроен Ц1Х“, „Еуроимпекс“ со „Пежо 107“ и „Порше Македонија“ со „Шкода Сити Гоу“.

Компанијата која го доби тендерот има обврска да врши редовно сервисирање на возилата во рок од три години односно додека трае договорот за исплата. Со возилата во понудената цена се вклучени четири резервни гуми, полициска изведба и звучна сигнализација. Првата рата за исплата треба да биде во рок од 30 дена од целосната испорака на возилата, а плаќањето е предвидено да биде на 36 месечни рати со 0 % учество при купување на возилата.
Со овој тендер МВР набаво возила за градска употреба кои ќе бидат распоредени низ градовите за патролни служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top