Српската фудбалска репрезентација бележи одлични резултати кои им обезбедија и пласман на Светското првенство во Русија 2018. Иако селекторот Муслин, кој беше на кормилото на репрезентацијата за време на квалификацискиот циклус, повеќе не е на клупата на Србија, националниот тим на нашиот северен сосед во петокот успеа да стигне до уште една победа на пријателски меч против репрезентацијата на Кина (2-0).
На патот кон Кина дел од спрската репрезентација ја „уловил“ скопјанецот Бобан кој усепал да се фотографира со двајцата српски напаѓачи, Александар Митровиќ и Адем Љајиќ како и со голманот Владимир Стојковиќ на аеродромот во Доха во вторникот вечер. И се чини им донел среќа, бидејќи токму овие двајца беа стрелци на головите на натпреварот против Кина, а Стојковиќ успеа да остане без примен гол во првите 45 минути од мечот пред да биде заменет на полувреме.
– Kако што ми изгледа, среќен сум им бил на момциве, објавил тој на Фејсбук.
Средбата немала да се случи тој месецов да не отпатувал на одмор на еден од островите во Индискиот океан по повод 5-годишнината од неговиот брак, а редакцијата на „Република“ им посакува долг и среќен брак и многудетно семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.