| четврток, 6 декември 2018 |

Со ЈАТ ќе се лета за евтини пари?

Можно е српскиот авиопревозник ЈАТ да стане нискобуџетна компанија, пишува српскиот дневен весник „Блиц“. Владата во Србија во почетокот на февруари би требало да разгледа краткорочни мерки за опоравување на националниот авиопревозник.

Според весникот, работната група за анализа на состојбата и подготовка на предлози за стабилизација и заздравување на „Јат ервејз“ овие денови подготвува како краткорочни мерки, така и долгорочна стратегија која би требало конечно да го реши прашањето за судбината на оваа компанија.

Мерките кои работната група наскоро ќе и ги понуди на Владата се однесуваат на тоа – дали „Јат“ треба и натаму да биде национален авиопревозник или нискобуџетна компанија, тврди изворот на „Блиц“.

Според неофицијалните проценки, авиокомпанијата не би требало да има над 600 вработени. Во моментот бројот на вработени е 1.300.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top