Претседателот на САД, Доналд Трамп е познат по своите долги, понекогаш агресивни ракувања со светските лидери, меѓутоа на самитот АСЕАН во Манила, на кратко се намачи со поинакво ракување.
За време на поздравот, секој лидер ја пружил десната рака преку левата и се ракувал со спротивниот лидер до него, но Трамп прво ги вкрстил рацете.
Гледајќи околу себе видел дека нешто не е во ред, па едноставно ги испружил рацете, сфаќајќи дека ниту тоа не е правилно. Потоа се насмевнал и ги наместил рацете како што треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.