| четврток, 6 декември 2018 |

Носи десетици илјади евра заработка, а расте и во градините

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, одлична вест е тоа што овој регион е многу поволен за оваа билка.
Многу студии покажале дека аронијата има антиканцерогено дејство. Покрај тоа, аронијата го успорува процесот на стареење на организмот и спречува развој на хронични болести.

Таа е одлична храна поради ниската содржина на калории и високата содржина витамини и минерали. Исто така, многу е богата со антиоксиданси.

Садниците аронија достигнуваат полн род во осмата година, даваат по 10 кг од грмушка, а моменталната цена за килограм прва класа е едно евро. Според некои проценки по хектар може да донесе приход од дури 12.000 евра!

Некои од произведувачите велат дека е прилично лесно да се одгледува аронија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top