Цените на бензините и на дизел горивата пред две недели поскапеа за половина до еден денар по литар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
Денеска, стандардно по две недели од претходната корекција на цената на нафтените деривати, се очекува нова цена на горивата.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија со последната одлука за еден денар по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 до утре изнесува 64, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 52, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 40,50 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголеми за 0,50 денари за литар и изнесува 65,50 денари.
Како причина за зголемување на продажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги псочуваат за 3,63 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,501 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Останува да видиме каква ќе биде новата цена која РКЕ ќе ја соопшти денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.