| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми на концертот на Жељко Јоксимовиќ – професионалноста победи

Жељко Јоксимовиќ вчера приреди вечера за паметење, но за време на спектакуларниот концерт се случи мал проблем на сцената. Додека се свиреле најголемите хитови на пејачот, на еден од неговите музичари од тимот му се слошило. Жељко Јоксимовиќ како вистински професионалец направил ваквиот момент да остане незабележан од публиката.

Организаторот на концертот посочува дека музичарот од бендот го отсвирел професионално докрај концертот, и дека се поминало во најдобар ред, и покрај малиот проблем на сцената. Веројатно премор и исцрпеност биле причините за проблемот со кој се соочил еден од музичарите на Јоксимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top