| четврток, 6 декември 2018 |

Случај „Ровер“: Повлечено обвинението за сите, освен за Љубе Бошковски

ljubebrat

Обвинителката во завршен збор го повлече обвинението за пет полициски службеници обвинети за помагање во случајот со убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, пренесе „Канал 5“. За останатите десетина обвинети, меѓу кои и ексминистерот Љубе Бошкоски, обвинителката останува на обвинението за кое ги товареше во случајот „Ровер“.

Ослободени од обвинението дека не презеле доволно дејствија на самото место каде што е извршено убиството за да ги спречат убијците се Едвард Фишер, Горан Петровски, Благојче Димитриевски, Бранислава Стојчевски и Милан Спасовски. За нив немало доволно докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top