| четврток, 6 декември 2018 |

Пуџдемон: Европската Унија е карикатура

Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон изјави дека Европска унија е „карикатура на тоа што Европа е и тоа што сака да биде“. Пуџдемон ја критикува ЕУ поради нејзиниот одговор на кризата во Каталонија, односно поради поддршката од Брисел за Мадрид.

Лидерите на многу европски државии, како и главните институции на Унијата застанаа на страната на шпанскиот премиер Маријано Рахој, истакнувајќи дека кризата е внатрешна работа на Шпанија. За Пуџдемон тоа е предавство на „основните вредности кои довеле до создавање на ЕУ“.

– Што ќе стане ЕУ во рацете на овие лица?, посочи Пуџдемон, нагласувајќи дека не сака раководството на ЕУ да ги помеша традиционалните европски вредностии со „нивните политички и економски интереси“.

Претседателот на Европска комисија Жан Клод Јункер претходно ги повика земјите членки на ЕУ да се борат против сепаратистичките тенденции во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top