Грчки хулигани се обиделе да ги уплашат хрватските репрезентативци, кои синоќа го имаа последниот тренинг пред денешниот реванш-бараж меч во квалификациите за СП, па пред стадионот „Карасаикис“ фрлиле неколку топовски удари кои одекнале додека „коцкестите“ ги имале тактичко-техничките подготовки на теренот.
Според информациите од Грција, детонации од топовски удари и петарди неколкупати одекнале откако завршиле 15-те минути отворени за медиумите од тренингот на Хрватска, а грчките медиуми потенцираат дека се работи за навивачи на Олимпијакос, на чиј стадион ќе се игра утрешниот меч.
Наводно, навивачите на Олимпијакос се незадоволни што дуелот се игра на нивниот стадион. Според грчките медиуми, тоа што одеклнувале детонации, било во знак на протест против Грчката фудбалска феерација, затоа што таа е во лоши односи со нивниот клуб во последно време. Затоа и имале „акција“, зошто не сакале Грција да игра на „Карасикис“.
За дуелот кој треба да биде само формалност, по победата на Хрватска со 4-1 во Загреб, продадени се 28 илјади билети, но од јужниот сосед се најавува најмногу до 15 илјади гледачи да го следат овој реванш на кој само чудо може да ги однесе Грците на Мундијалот.
Извор: sport1.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст