| четврток, 6 декември 2018 |

Младо рисче со мајка фотографирано на Јабланица (Фото)

Младо рисче со својата мајка е фотографирано на планината Јабланица. Фотографијата е обезбедена преку фото-замка од мониторингот што го врши Програмата за заштита на балканскиот рис спроведуван од Македонско еколошкото друштво (МЕД).

Според Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на балканскиот рис, ова е одличен податок што покажува дека овој загрозен вид се размножува и надвор од неговото јадрово подрачје Националниот парк Маврово.

Во рамки на Програмата за заштита на балканскиот рис постои мониторинг мрежа составена од ловџии, шумари, ветеринари и љубители на природа кои доколку видат или сликаат рис или жртва од рис, за тоа веднаш го известуваат во МЕД.

МЕД претходно има добиено фотографии од мајка со младо рисче на Караорман во 2014 и од преминот Буковиќ (Стража).

Од МЕД посочуваат дека уште од 2008 година лобира Јабланица да стане национален парк поради богатите природни вредности, но и нејзината важност како биокоридор за крупни ѕверови меѓу кои и критично загрозениот балакнски рис. Делот на Јабланица во Република Албанија е прогласен за национален парк уште во 2008 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top