| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп

Од 14. до 16. ноември ќе се одржи Четвртиот меѓународен фестивал за лица со и без хендикеп организиран од здружението на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни а еднакви“ од Скопје. Ова е единствен фестивал од ваков вид на Балканот и е три дневен настан проследен со другарување и размена на искуства.

На фестивалот ќе учествуваат аматерски актерски групи од Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Хрватска и други. Во вторник и среда, 14. и 15. ноември, фестивалот ќе се одржи во Драмски театар Скопје и претставите ќе бидат од натпреварувачки карактер. В среда, 16. ноември, во Македонски народен театар Скопје во ревијалниот дел ќе бидат свечено доделени награди.

На 14. ноември преставите почнуваат во 11.00 часот и завршуваат во 15.00 часот, а на 15. ноември програмата ќе започне во 10.30 часот и ќе заврши во 14.30 часот. Ревијалниот дел и свеченото доделување на наградите во МНТ на 16. ноември ќе започне во 12.00 часот.

Овие активности имаат за цел да ја зголемат инклузијата на лицата со инвалидитет со други лица во културни активности, така што тие ја имаат можноста полесно и активно да се вклучат во општеството и заедницата, да им се отворат портите за креативно изразување, да се негува нивниот потенцијал и да се унапреди нивниот квалитет на живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top