Лекарот, кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишниот Н.З. од Слупчане, кумановско.
Тој е прободен во пределот на грбот со остар предмет од страна на непознато лице.
Полицијата го потврди случајот и информира дека вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека на Ургантниот центар е донесено повредено лице со остар предмет.
Причина за нападот е лична пресметка.
За МИА претходно случајот го потврди и директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, според кого, лекарот е надвор животна опасност.
Лекарот е повреден кога доаѓал на ноќна смена на работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.