| четврток, 6 декември 2018 |

Панчо отворено за својот живот: Тешко е да се одржи еден брак!

Tекстописец и автор на љубовни песни, хип-хоп и аренби диџеј Владимир Блажев – Панчо за „Женски Магазн“си ја отвори душата и искрено одговори на чаршиските муабети дека се разведува.

На прашањето на магазинот дека веќе подолг извесен период чаршијата почна зборува дека се разделува со неговата сопруга Маја, мајка на неговите два сина. Панчо во свој стил порачува чаршијата да си ги гледа своите проблеми или да слуша повеќе македонска музика и да ужива во животот.

По ова следи и прашањето колку е тешко со неговата професија да се одржи еден брак.

-Тешко е многу. Тешко е и за едната страна и за другата. Потребно е многу разбирање, толеранција и доверба. Во секој случај жртвувањето е обострано во такви бракови, истакнува во интервјуто Панчо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top