| четврток, 6 декември 2018 |

Илјада деца и тинејџери во антитерористичка програма

Илјадници деца и тинејџери, вклучително и голем број девојчиња, се на британската антитерористичка програма „Привент“, покажуваат официјални податоци.

Првите официјални бројки од британското МВР во врска со таа програма покажуваат дека, од 7.631 лица,за кои се смета дека се во опасност да бидат вовлечени во тероризам, во периодот од април 2015 до март 2016 година, речиси третина се деца. Меѓу нив се 2.127 деца помлади од 15 години, меѓу нив 532 девојчиња додека 2.147 се на возраст од 15-20 години. Од нив 420 се девојки.

Од сите кои се нашле во таа програма, само пет отсто или 381 од нив, се под најголем ризик и нив им е потребна поддршка од специјални ментори во доброволната шема за дерадикализација. Две третини од нив се во програмата поради стравувања од исламистички екстремизам, а 10 отсто поради крајно десничарски ставови.

„Привент“ е клучна во безбедносната стратегија покрената во 2003 година со цел борба против екстремизам по нападот во САД на 11 септември 2001 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top