Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе измените на Законот за јавни набавки по скратена постапка, со кои се укинува Советот за јавни набавки.
Министерот за финансии Драган Тевдовски пред пратениците истакна дека Советот не успеал да ги оствари целите поради кои бил создаден и оти со неговото укинување ќе се отстранат бирократските процедури.
– Постојниот закон, што беше донесен 2007 година, претрпе 15 измени со што значително се отежни неговата примена, а според оценките на Европската комисија, измените во последните години пред се воведувањето на Советот за јавни набавки доведоа до значително одалечување на законот од европските регулативи и практики за јавни набавки. Јавните набавки тешко се спроведуваа, има бројни неоправдани бирократски бариери кои не само што не придонесуваат да се спречи можноста од злоупотреби, туку доведуваат до блокирање на институциите и оневозможување тие да го даваат неопходните услуги на граѓаните, нагласи министерот Тевдовски.
Најави дека се работи на нов закон за јавни набавки во кој, како што рече, ќе бидат применети европските практики.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше зошто измените се носат по скратена постапка и рече дека поради тоа нема да дадат поддршка на предложените измени.
– Ова е ад – хок решение со кое само привремено ќе го реши проблемот, но се отвара простор за нови проблеми, рече Димовски.
Во врска со новиот закон, предложи уште во подготовката да се слушнат мислењата на пратениците, особено на опозицијата.
Според пратениците од парламентарното мнозинство, укинувањето на Советот е оправдано бидејќи тој не ги остварил првичните цели и со него биле отежнати постапките за јавни набавки.
– Нашиот став да нема Совет за јавни набавки го дели и Европската унија во извештајот за 2015/2016 година каде јасно и прецизно во препораките има напишано дека треба да се подобри ефикасноста и ефективноста наспроти актуелните состојби, рече Васко Ковачевски од СДСМ, кој прикажа писмо од поранешниот градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев упатено до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во кое посочува дека не се согласува со постоењето на Советот.
Според Ковачевски, дополнителен аргумент за укинување на Советот е и тоа што членовите на Советот годишно земале плати и трошоци во висина од околу 150 илјади евра.
Претходно, измените на Законот за јавни набавки беа прифатени на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст