Брачна двојка заспала со незаклучена врата и останала без заштедата од 23.000 евра.
Според пријавата на ограбениот В.Е., кражбата се случила синоќа во периодот од 23 до еден часот по полноќ. Изморени од целодневната работа на поле, 44-годишниот кочанец со најблиските, заборавајќи да ја заклучи влезната врата, веднаш заспал. Вратата била подотворена и ги намамила крадците, кои искористувајќи го невниманието на домаќините успеале да им ја однесат животната заштеда од 20 илјади евра и 180 илјади денари.
Кочанецот утрово ја забележал В.Е. и веднаш ја пријавил во полиција.
Потрагата на надлежните од кочанската полиција по разбојниците и парите е во тек
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)



