Доколку сте еден од оние кои вежбаат секој ден, а никако да ослабнат, можеби за тоа треба да го обвините вашето работно место кое ви штети на здравјето.
Корпоративната култура вклучува различни ручеци и вечери кои се дел од тимските активности и повеќето компании ги користат како начин на зближување помеѓу вработените. На ваквите собири, избегнувајте ги храните кои не сте ги јаделе претходно и не инсистирајте да јадете повеќе од што сметате дека ви е доволно. Многу подобра опција е да се задржите на јадење салати и лесни јадења.
Кога одите на пауза, добро размислете што ќе јадете. Можеби дома сте навикнати да јадете подготвени јадења и лесна храна, па затоа избегнувајте јадење на сендвичи и брза храна додека сте на пауза од работа.
Атмосферата во која работите е исто така битна. Помалку осветлените простории ве тераат да чувствувате повеќе глад, така што гледајте секогаш да работите во добро осветлено место.
Недостатокот од вода може да претставува голем проблем кога е во прашање правилното работење на метаболизмот. Понекогаш сте премногу зафатени за да станете и да си наполните чаша вода, но затоа можете да чувате шишенце со вода во ваша близина, така што секогаш ќе бидете доволно хидрирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст