| четврток, 6 декември 2018 |

Почина една од најубавите девојки на Џемјс Бонд

Германската актерка Карин Дор, која е најпозната по улогата во филот „Живееш само двапати“, во кој играше со Шон Конери, почина на 80-годишна возраст.

Карин, врвот на кариерата го достигна во филмот „Живееш само двапати“ каде играше улога на една од девојките на Бонд. Филморт е снимен 1967 година. Таа глумеше и во трилерот на Хичкок, „Топаз“.

Карин Дор многумина ја вбројуваат меѓу најубавите девојки на Бонд. Таа почина во старечкиот дом во близина на Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top