Сабота, 11 ноември е работна за учениците во основните и средните училишта во Македонија. Ќе се држат часовите за среда. Ова стои во одлуката на Министерството за образование и наука објавена во „Служебен весник“.
– Законски и во согласност со наставната година, во оваа учебна година мора да има 180 работни денови. Бидејќи годинава зимскиот распуст ќе почне на 30 декември и ќе трае до 21 јануари, а летниот ќе почне на 9 јуни и ќе трае до 31 август, ќе мора да се одработат четири саботи – по две во секое полугодие – известија од МОН на почетокот на школската година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.