Србија и Црна Гора ќе влезат во Европската унија до 2025 година, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
На прес-конференцијата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, одговарајќи на новинарско прашање за натамошното проширување на ЕУ, Јункер рече: Јас навистина мислам дека тие две држави ќе станат членки до 2025 година.
– Засега не делува дека можеме да примиме нови членки до 2019 година, но би сакал европската перспектива да не се гледа како покана, туку како потреба, истакна Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.