„Твитер“ објави дека го зголемува бројот на карактери што можат да се напишат во еден твит на 280.
Ова е двојно повеќе од она што досега можеше да се напише, но оваа поволност, сепак, нема да ја имаат сите. Корисниците кои твитаат на кинески, јапонски и корејски остануваат на досегашните ограничувања, бидејќи овие јазици имаат помалку карактери.
Од Твитер сметаат дека зголемувањето на лимитот ќе ги поттикне луѓето повеќе да пишуваат, со што ќе се зголеми и базата на корисници.
Твитер ја тестираше новата опција неколку недели и вчера и официјално потврди дека ќе биде пуштена во употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.