Заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Брајан Ји можеби ќе биде идниот амбасадор на САД во Македонија, објавија денеска повеќето белградски медиуми.
Тие ја пренесуваат веста на Радио Глас на Америка, според која меѓу останатото на прашањето за можноста да биде иден амбасадор на САД во Скопје, Хојт Ји не сакал ниту да ја потврди, ниту да ја демантира оваа шпекулација.
Тој претходно, како што пренесе МИА, изјави дека решавањето на прашањето на спорот со името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение.
– Има уште многу работа да се заврши и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега – истакнал заменик-помошникот американски државен секретар во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон.
Оценето е дека иако Македонија навидум има најмалку проблеми околу мировните договори, сепак нејзината безбедност зависи со решавањето на спорот со името и влезот во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст