Од домот на жител на село Страјане Гостиварско, вчера биле украдени девет илјади евра кои ги чувал сошиени во палто.
Според СВР Тетово, Х.М. (80) од гостиварското село Страјане, вчера попладне во Полициската станица Гостивар пријавил тешка кражба во нговиот дом.
– Непознати сторители, претходно насилно ја отвориле влезната врата од куќата и без да пребаруваат влегле во една од собите.Од палто кое се наоѓало на закачалка за облека, поточно од внатрешниот џеб на палтото, кој бил зашиен, одзеле 9.000 евра во апоени од по 100 евра и незабележани од никого се оддалечиле, вели Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.
По извршениот увид се расветлува пријавеното и се работи на откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст