| четврток, 6 декември 2018 |

Брена ја сака Анастасија за снаа, но Цеца не сака ни да слушне за тоа

Не се прашува Брена, јас одлучувам за тоа- рекла Цеца кога слушнала дека Брена сака Анастасија да и биде снаа.

Цеца Ражнатовиќ не сака синот на Брена, Стефан да и биде зет. Иако доста соработуваа со Брена и досега имаа само убави зборови една за друга, сепак Цеца не сака да се посвати со Брена.

Стефан пак е сигурен дека на неговото семејство би им се допаднала Анастасија за снаа

– Анастасија е преубава девојка. Добро воспитана, прекрасна. Кога би бил со неа, сигурен сум дека моите тоа би го прифатиле. На мајка ми би и се допадналаи не би имале ништо против нашата врска – рекол Стефан.

Но штом Цеца слушнала за оваа идеја не била воодушевена. Фолк дивата внимателно избрала зборови за да не ја навреди својата колешка и нејзиниот син, но меѓу редови јасно им даде до знаење дека Анастасија нема да биде нивна снаа.

– Не се прашува Брена за тие работи, јас имам ќерка и таа самата одлучува, но со тоа дека ми е ќерка јас имам повеќе право да одлучам, од Брена- рекла Цеца за „Гламур“

Инаку беше најавено дека Стефан планира да сними дует со Анастасија па останува да видиме што ќе се случи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top