| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден пратеник Aлбанец во редовите на СДСМ – Муртезани на местото на Бочварски

Уште еден албански пратеник од редовите на СДСМ на Зоран Заев ќе седне во Собранието, информира Журнал.mk

Новиот пратеник седнува во собранието поради завршувањето на локалните избори каде СДСМ во овој изборен циклус на локално ниво се натпреваруваше со голем број пратеници кои исто така беа избрани како градоначалници општините.

Затоа што за градоначалник на Штип беше избран поранешниот пратеник Благој Бочварски,  на негово место како пратеник доаѓа Агим Муртезани од редовите на СДСМ.

Муртезани е уште албанец политичар од партијата на Заев, кој седнува на собранието како пратеник, оставајќи ја функцијата шеф инспектор на локалната самоуправа, каде што го замени Шехтански.

Тој доаѓа од третата изборна единица, од Општина Чашка, додека живее во селото Јаболчишта.(infoshqip)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top