| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Бројот на мигранти во Италија се намали за една третина

ЕУ годинава успеа значително да го намали приливот на мигранти во Европа, изјави за весникот „Велт“, Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Бројот на пристигнати мигранти во Италија по средоземноморската маршрута оваа година се намали за 30 отсто во споредба со 2016 година, рече Могерини.

Според нејзините податоци, на почетокот на минатата година месечно пристигнувале до 70.000 бегалци во Европа од африкански земји.

– Сега тие се околу 4.000 месечно. Според овој показател намалувањето е околу 90 отсто, додаде Могерини.

Минатата година, во Италија имало рекордни 181.000 имигранти, од кои повеќето допатувале од Либија. Се очекуваше бројката оваа година да биде уште поголема, но благодарение на напорите на италијанската Влада и соработката со либиските власти на сите нивоа, забележано е значително намалување на миграцискиот проток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top