| четврток, 6 декември 2018 |

Како температурата на воздухот може да доведе до срцев удар

Пристигнаа постудените денови и додека многумина се грижат за настинките или грипот, постои уште една причина за загриженост.

Падот на температурата може да биде активатор за срцев удар, покажало 16-годишното истражување во кое учествувале 280.000 луѓе, пишува „Сајенс дејли“.
Истражувачите сакале да утврдат дали постои поврзаност помеѓу срцевиот удар и температурата на воздухот па направиле анализа на податоците на пријавените срцеви удари во однос на временските (не)прилики. Низ набљудуваниот период од 16 години забележани се 280.873 срцеви удари, а метеоролошките податоци биле достапни за 99 отсто денови. Се покажало дека бројот на срцеви удари дневно бил значајно поголем во текот на зимските месеци, односно за време на ниските температури отколку во потоплите денови. Почесто доаѓало до инфаркти кога била забележана температура на воздухот под нулата.

Шведските научници велат дека и некои други фактори како намалената телесна активност во зима и промените на прехранбените навики во тој период исто така би можеле да имаат влијание на порастот на бројот на срцевите удари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top