| четврток, 6 декември 2018 |

Го изгубила бебето додека тој се забавувал на јахта-жената на најсекси затвореникот си ја отвори душата!

Џереми Микс(33) сите го знаат едноставно како секси затвореник, а откако неговата фотографија од затвор го обиколи светот, тој стана манекен.

Но уште поголема прашина крена летово, кога неговата сопруга преку медиумите дозна дека ја изневерува со богатата наследничка Клои Грин(26). Мелиса Микс(38) која со Џереми била во брак осум години и заедно имаат син, сега бара висока алиментација за неа и детето, но тврди и дека преживела спонтан абортус, откако дознала за неверството.

-Бев под голем стрес, почнав да крварам само неколку часа откако ги видов нивните фотографии. Веднаш отидов на лекар, кој ми кажа дека сум го изгубила детето-низ созли раскажала таа на медиумите.

Според неа наскоро нејзиниот поранешен маж заработува милион долари месечно, поради што бара висока алиментација и заедничко старателство над синот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top