Две осумгодишни деца загинаа, а пет други се посериозно повредени кога автомобил влета во училница во основно училиште во австралискиот град Сиднеј.
Како што соопшти австралиската полиција, автомобилот движејќи се со голема брзина, удрил во објектот на училиштето изграден од дрво, при што го пробил ѕидот и упаднал во училница во кој се наоѓале 24 деца и нивниот наставник.
По инцидентот во болница се пренесени пет деца, при што кај три – две момчиња на осумгодишна возраст и едно старо девет години, се утврдени посериозни повреди, но тие се во стабилна состојба. Други 16 деца и наставникот минале со лесни повреди и ним медицинска помош им е укажана на самото место.
Претставник на полицијата изјави дека не станува збор за планиран настан и дека случајот се води како сообраќајна несреќа.
Со автомобилот управувала 52-годишна жена, која не е повредена, но е пренесена во болница за проверка на крв и урина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.