Обвинителството во Пула и полицијата молчат за текот на истрагата околу сообраќајната несреќа во која познатиот музичар Тони Цетински прегази 62-годишен маж. Сè уште не се откриваат детали за случајот, дали жртвата веќе лежела на асфалтот или Цетински удрил во мажот и го прегазил.
Обвинителот Влатко Ивандриќ одговарајќи на прашањето за резултатите од обдукцијата на телото на загинатиот во несреќата која што се случи минатата недела во Ровињ, изјави дека „согласно Законот за казнена постапка и Законот за јавно обвинителсто, истражната постапка е тајна“.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила кога 48-годишниот Цетински, вртејќи во непрегледна кривина со својот „мерцедес“ удрил во 62-годишниот маж.
Портпаролката на истарската полиција Наташа Витасовиќ, според медиумите, не сакала да изнесе никакви детали за резултатите од одбукцијата и новинарите ги упатила да побараат одговори во обвинителството кое е надлежно за истрагата.
По несреќата, Цетински се обрати до јавноста и напиша: ,,Пријатели. Се борат за тебе. Те почитуваат. Те вклучуваат. Те храбрат. Им требаш .Те заслужуваат. Стојат покрај тебе“.
Според првичните информации од истрагата, Цетински не бил под дејство на алкохол кога се случила несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст