| четврток, 6 декември 2018 |

Бранимир Јовановиќ: Јас сум против капитализмот и договорот од Пржино!

Бранимир Јовановиќ од еден од лидерите на шарените протести денес е во власта, дел е од кабинетот на министерот за финасии Тевдовски, и за толку малку време веќе стана скандал мајстор. Последниот скандал му е тврдењето дека треба да има поскапа акциза за дизелот затоа што сиромашните и онака не возеле автомобили! Година дена протестираше дека државната админситрација е неспособна и гломазна и треба да има големи отпуштања но, кога дојде на власт разбра дека токму државната администација е најстручниот дел од таа власт, и на свој грб носи полуписмени политичари кои, многу често, ни сами незнаат како и зошто се нашле на нивните функции. Јовановиќ беше еден од лидерите на Левица, денес тие се оградуваат едни од руги… власта расипува, а опозиција едно зборува а друго прави кога ќе седне во фотељите. Доказ, ова интервју дадено на денешниот функционер Бранимир Јовановиќ на 14 јануари 2016, кога Шарените беа во напад, тој го зборуваше ова. Што кажа, а што прави?

Кога Бранимир Јовановиќ јавно објави дека ќе биде дел од тимот на Министерство за финансии, изјави: Знам дека влегувам во ова клучно министерство во многу сериозен период, кога ќе треба и да се коригираат многу работи од претходното владеење, и да се прават промени во насока на поправедно општество. Нема да биде воопшто лесно, но токму затоа и прифатив, зашто сакам предизвици и зашто ако сега не се промени нешто, никогаш нема

Јовановиќ, еден од најактивните припадници на Шарената револуција, е член на партијата Левица. Од Левица одговорија дека се чувствувале повикани да реагираат во врска со ангажирањето на нивниот член во Министерството за финансии, во новата влада на СДСМ, ДУИ и АА.

Сакаме да укажеме дека Левица не учествува во новата Влада, и дека ангажманот на Бранимир Јовановиќ во Министерството за финансии е како економски експерт, врз основа на неговата претходна работа како економист. Нашиот став е дека оваа Влада е составена од личности со заемно противречни погледи за економијата и општеството.

Прашањето кое го поставува Левица, партијата на Бранимир Јовановиќ, е по која постапка е тој ангажиран во Министерството за финансии, бидејќи без постапка се крши Законот. Ако го вработат, тогаш треба да има јавен оглас на кој може да се пријави кој сака, а не токму Јовановиќ. Се крши Законот за државни службеници. Доколку го ангажираат во МФ како консултант тогаш треба да се јави на јавен оглас и да даде најдобра понуда согласно Закон за јавни набавки.

Толку од полемиката и ставот на Левица за нивниот член и функционер.

На 14. јануари 2016, во време кога Левица и Шарените беа во напад и во еуфорија, Бранимир Јовановиќ како еден од лидерите на Левица даде интервју  во кое на јавноста и идните гласачи им објасни што им се нуди, и што тој им гарантира за да гласаат против тогашната влада.

Фактор: По што ќе се разликува Левица од останатите партии во Македонија, што формално се водат како лево-ориентирани?

Јовановиќ: Ние сме идеолошки јасно профилирани, како ниедна друга партија. Ние отворено истакнуваме дека застануваме на страната на сиромашните, работниците, угнетените, обесправените, маргинализираните. Да, во Македонија има и други партии кои имаат левичарски одредници во своите имиња, но овие партии со своето фактичко дејствување во минатото ги извалкале своите имиња и сè уште не успеваат да расчистат со ова свое минато. Ние немаме вакви багажи.

Фактор: Oфицијално, Левица нема еден единствен лидер. Може ли да ми кажете нешто повеќе околу тоа, која е идејата и како би функционирала партијата?

Јовановиќ: Идејата е да не биде ова султан-партија, во која еден човек или неколку луѓе прават што сакаат, како што е во постоечките партии. Идејата е ова да биде колку што е можно подемократска и поотворена партија, која ќе биде водена од принципи и идеали. Практично, партијата ќе функционира слично на хоризонталните движења кои беа популарни изминативе години. Во овие движења одлуките обично се носат со консензус, по отворени расправи. (*Колку консезус имало во Левица за Бранимир Јовановиќ да стане фунционер во новата влада, видовме од горе наведениот став на Левица за неговиот избор во кабинетот на министерот за финансии)

Фактор: Кои се вашите главни идеи и цели во социјален и економски акспект? Што сметате дека им е потребно на граѓаните, што вие можете да им го дадете, а останатите опции не успеаја?

Јовановиќ: Ние сме отворено против капитализмот, особено против дивиот капитализам. Ние сметаме дека луѓето не смеат да му робуваат на капиталот, туку дека капиталот треба да им служи на луѓето. Оттука, ние сме за зголемување на работничките права, за покачување на минималната плата и за намалување на работното време. Ние се бориме за сиромашните и сме против социјалните разлики. Затоа, ние сме за осетно зголемување на социјалната помош, т.е. за воведување на систем според кој секое домаќинство од државата ќе добива доволно средства за да не живее во сиромаштија. Ние сме и за пониски даноци за сиромашните, а повисоки за богатите, затоа што сметаме дека економските разлики се штетни. (*Со експерт чија основна политичка димензија е борба против капитализмот, тешко се наоѓа заедничка врска со Европската унија кој е стратешка определба на Македонија, со зголемување на буџетот кој се храни од даноци, царини… зголемените даноци, акцизи и царини ги плаќаат и богатите и сиромашните)

Фактор: Кој е вашиот став за моменталните случувања на политичката сцена на Македонија? Верувате ли дека договорот од Пржино е излезот од кризата?

Јовановиќ: … мојот став е дека договорот од Пржино беше голема грешка, која го трасира патот за Груевски да остане на власт, преку нефер и нерегуларни избори. Не е ни чудно што е договорот толку лош, ако се има предвид како дојде до него – на затворени, нетранспарентни и недемократски преговори помеѓу неколку лидери, со целосно исклучување на граѓаните. Договорот од Пржино, всушност, ја илустрира потребата од нова партија во Македонија, која ќе биде поотворена и поинклузивна, подемократска и потранспарентна. (*Договорот од Пржино, кој СДСМ со придобивките од него како СЈО, коалициона влада пред парламентарни избори, Венецијанска комисија наместо Уставен суд и двојазичностзаедно со тогашните први препораки на Прибе го смета за соја Библија, за нивниот економски владин експерт е – лош и нетранспарнетен. Како сега да му се верува кога треба да го спроведува?)

Власта расипува. Некого порано, некого подоцна но, некои во власта влегуваат како однапред расипан производ со скриени мани. Фотелјата на функцијата има магична, анеснтетична моќ: од неа поинаку изгледа и државата, и приоритетите како законитост, принципи, правда, социјална сигурност, слобода на медиуми или одговорност. Пред се, одговорност за своите зборови

(*наши забелешки на дел од изјавите)

Извор:ВЕЧЕР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top