Хрватскиот тренер Славен Билиќ е четвртиот менаџер во Премиер лигата кој доби отказ по серијата слаби резултати.
Билиќ денеска беше разрешен од позицијата менаџер на Вест Хем, откако неговата екипа загуби во саботата на домашен терен од Ливерпул со 4:1 во натпревар од 11.коло од Премиер лигата.
– Очекував отказ и нема лутење. Разочаран сум, но не од клубот. Можам да бидам горд на мојата работа во овој клуб. Сезоната не ја почнавме добро, а како и во многу клубови кога нема резултат, тренерот ја плаќа цената. Тоа е логичен потег. Навивачите кон мене беа брилијантни од почетокот до крај, изјави Билиќ.
Билиќ во Вест Хем дојде во јуни 2015 година, во првата сезона го освои седмото место, а лани неговата екипа заврши на 11.место, додека во овој момент клубот од Лондон се наоѓа на 18.место со девет бодови и само две победи.
Британски „Скај спорт“ најавува дека нов менаџер на Вест Хем ќе биде Дејвид Мојс, кој ќе има договор до крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст