
Албански хакери, кои се претставуваат како „Anonymos Albania“, последните денови изведоа големи напади, нa грчките и српските веб-сајтови, како владини, така и на медиумски портали, сега на нејзината листата ја додадоа и македонската држава, пишува порталот infoshqip.com.
„ Anonymos Albania “, исто така, во понеделникот ги нападнаа и страниците на Основниот суд и на Врховниот суд како протест против пресудите за случајот во кумановскатата „Дива населба“.
Во моментов пристапот до спомеанатите страници е отежнат, иако не може да се добие официјална потврда, ниту извештај.
Албанските хакери, исто така, планираат големи сајбер напади, на историските датуми на Албанија, 28/29 ноември (Денот на независноста на Албанија), врз сајтовите на трите споменати држави, пишува порталот.
„Веб-страниците на Основниот Суд и на Врховниот Суд на Македонија се….(DOWN) Оваа е знак на протест од нас до вас.. Ослободете ги јунаците од Куманово… Чекајте нѐ… Ние сме „Anonymous Albania” … За одбрана на албанскиот народ… За голема Албанија“, наведуваат хакерите во пораката на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


