| четврток, 6 декември 2018 |

Србинот Мајсторовиќ е нов член на МЗТ Скопје

Српскиот интернационалец Ѓорѓе Мајсторовиќ е нововото име во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, соопштија од клубот, откако денеска беа завршени сите формалности со потпишувањето на договорот кој е со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за кошаркар висок 208 сантиметар кој игра на позициите силно-крило и центар, кој треба да биде од помош на останати високи играчи на МЗТ Скопје во борбата под кошевите.

Мајсторовиќ (27) има повеќе од солидно искуство во настапите во АБА лигата. Тој минатата сезона настапуваше за белградски Партизан, а претходно има играно и за екипите на Смедерево, Хелиос и Металац од Ваљево.

Новиот член на МЗТ Скопје Аеродром има и настапи за репрезентацијата на Србија и тоа на Универзијадата во Казањ во 2013 и на Медитеранските игри во Мерсин истата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top