| четврток, 6 декември 2018 |

Од продавачка Кејт Мидлтон стана принцеза

Кога ја гледате Кејт Мидлтон на свечените случувања со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, може да заклучите дека е родена кралица, но нејзиниот живот пред да се омажи бил значително обичен, пишува Космопилитен.

Пред заминувањето на колеџот, каде што го запознала принцот, Кејт земала слободна година и тоа време го поминала во Чиле и Италија.

Кога завршила факултет кратко време работела во семејната фирма со своите родители, а потоа се вработила како продавачка.

Се преселила во Лондон и почнала да работи во продавница за деца на половина работно време.

Сопственичката на продавницата изјавила дека Кејт се однесувала многу зрело и не правела разлика помеѓу себе и останатите вработени, без оглед што во тоа време постојано била центар на внимание поради врската со кралското семејство.

Нешто подоцна се откажала од работата, секако за да се посвети себеси, но постојат гласини дека размислувала и за кариера како фотограф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top