| четврток, 6 декември 2018 |

Човечкиот леш во фаза на распаѓање пронајден во Сопиште

Починато лице околу 12:30 часот било пронајдено во скопско Сопиште. Според првичните информации човечкиот леш во фаза на распаѓање бил пронајден во канализациона шахта при изведување на градежни работи за Сончев град.

Полициски екипи се терен и увидот е во тек. Засега нема информации за идентитетот на починатото лице и причините за смртта. Според неофицијални информации се работи за женско лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top