| четврток, 6 декември 2018 |

Судијата Владимир Панчевски поднесе кривична пријава против Катица Јанева и Злата Попова

Екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, поднесе кривична пријава против специјалната обвинителка Катица Јанева и судијката од гевгелискиот суд Злата Попова.

Панчевски ги товари Јанева и Попова дека противзаконски едната побарала а другата иако немала надлежност одредила претрес на неговиот дом.

Апелација веќе донесе одлука дека претресот кој Катица Јанева и нејзиниот тим го вршеше во домот на Панчевски е незаконски и ја поништи одлуката на судијката од Гевгелија која надвор од својата надлежност издала наредба за претрес. Процесот кој сега го води Панчевски против Јанева и Попова е за утврдување на кривично дело кое се случило со ваквата незаконска одлука.

Се одлучив да поднесам кривични пријави бидејки за правник и актуелен судија кој сеуште верува во правниот систем единствено правните средства се начинот на борба со беззаконието за кое веќе во повеќе наврати зборував и како што кажав правен мрак зацарува во Република Македонија. Тоа што СЈО со поддршка на домашни и странски елементи и го прави и направи на судската власт како темелен столб на државата не ме чуди бидејќи претходно на идентичен начин беше урната и извршната и законодавната власт како стожери на македонскиот уставно правен и политички систем. – вели Панчевски во изјава за „Република“.

При незаконскиот претрес на домот на Панчевски се случи огромен скандал кога еден од истражителите на СЈО украде клуч од неговиот стан, што беше документирано и од безбедносна камера.

Екс претседателот на кривичен вели дека ваков притисок и политичка хајка против едно лице не е забележана во Европа. Според него, рушењето на системот на институции во Република Македонија преку превезот на реформи го гледаме подолго време историски без оглед на тоа кој доаѓа на политичката сцена, но би потенцирал толку радикално и во толку краток рок со толкав притисок врз конкретни личности па и правосудни работници судии – заради остварување на политички цели досега е не виден во историјата на модерна Европа.

Судството е реална и сериозна пречка за беззаконието кое сака да се спроведе под формата на некакви реформи за кои останува само да ги гледаме како ни се случуваат бидејќи секоја реформа носи сојузници и погазени е овде во конкретниот случај во Македонија е погазено правото и правниот поредок. Правниците и судиите не се политичари тие размислуваат систематски и го следат словото на законот слепо го применуваат врз основа на факти и слободно судиско убедување. СЈО не сака да го суспендира правниот систем СЈО и неговите конспиратори за т.н демократија го суспендираа правото во Република Македонија, под силната медиумска кампања повеке лугето не веруваат на сопствените очи туку на тоа што им е сервирано и спремно врз нив да се примени. – вели Панчевски за Република.

Панчевски  е разочаран и од тоа што и покрај постапките на Јанева, кој тој ги класифицира како беззаконие, нема никаква реакција од претставниците на меѓународната заедница во Република Македонија, додавајќи дека не ни очекува никаква реакција од нив.

После еден месец од испратените отворени писма до екселенциите Бејли и Жбогар нема никаков одговор ни поддршка, ке повторам ова е прв и единствен случај во модерна Европа каде на ваков подмолен, незаконски и срамен начин се изврши претрес врз актуелен судија што требаше мегу другото да бидам пример за судиите и воспитно да влијае врз сите други судии кои на било каков начин ке покажат непослушност а со тоа и неподобност.

Судијата од кривичен потсетува дека прашањето за подобни и неподобни судии го отвори актуелната власт повторно под превезот на постапување на СЈО кое како странка во постапките сега на голема врата раководи со судските постапки бира кој судија е подобен, кому ке пушти претставка на кого ке му изврши претрес или ке му покрене обвинение.

 

На сите оние злонамерници им порачувам ке се борам и не отстапувам додека не зацарува правото на кое целата кариера во животов сум ја посветил. – порачува Панчевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top