| четврток, 6 декември 2018 |

Северина се разведува поради психичко малтретирање

По астролошките анализи, Северина Којиќ не ја чека светла иднина, тврди астрологот Ивица Мариновиќ и предупредува дека таа ќе биде во многу љубовни проблеми и идилата со младиот Којиќ нема да трае долго.

– Северина Вучковиќ поради љубовта се крена од пепелот како нова и препородена жена веќе неколку пати, на крајот на годината ја очекува голем љубовен пад каде ќе започнат проблемите и психичкото малтретирање. Таа ќе се држи понастрана од проблематичните теми и ситуации поради душевниот мир, на крајот од ноември ќе ја совладаат стравови од емоциналното одбивање. Психички многу ќе пати, што ќе знаат нејзините најблиски, но нема да и помогнат бидејќи нема да ја сфатат сериозно Нема таа долго тоа да го трпи, и како што велат ѕвездите нејзиниот брак ќе биде многу загрозен од следната година. Ќе купи нов дом и почетокот на годината ќе го заврши судскиот спор кој се влече со години, но не во своја корист. Таа врз себе ќе си наметне притисок да остане на врвот, но исто така ќе ја избегне животната лекција, поради што ќе мора да ја повтори истата ситуација неколку години по ред. Таа мора да внимава да не падне во туѓи раце бидејќи тоа ќе ја доведе до губење на моќта, губиток на силата, а потоа и на самоуништување. Постои можност поради тие личности целосно да се повлече од естрадата и нејзината најголема амбицаија ќе остане неостварена, а во 2019 година ќе биде најтешка кога е во прашање здравјето. Тогаш и се закануваат најмногу опасности, од болки во коските, проблеми со главата и вилицата до сообраќајна несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top