Познатиот хрватски филмски, телевизиски и театарски актер Раде Шербеџија извесен период живееше во Лондон, каде неговата актуелна сопруга Ленка Удовички имала ангажман. Со оглед на тоа што Раде немал ангажмани во моментот, а децата им биле мали, тој постојано се грижел за нив. Како што самиот вели, Нина тогаш имала 3-4 години, а Вања била многу мала и постојано шетале низ лондонските улици возејќи ја во количката.
Еден ден, раскажува Раде, во лондонското метро сретнува жена, која како што вели ја познал по очите: „Сите ние од Балканот се познаваме по очите“. Им се сретнале погледите, иако воопшто претходно не се запознале, жената почнала разговор, прашувајќи го од каде е? Дали е одоздола? Сакала да размени мисли со некој од нејзината татковина.
Раде вели дека малку го збунила, но на шега и одговорил дека е од Словенија, на што рамнодушно мавнала со раката. Додека го чекале возот, таа упорно гледала во него, но не разговарале. По извесно време, не можела да издржи и му рекла дека многу и личи на Раде Шербеџија. Раде насмевнувајчи се и рекол дека е во право-дека тој е Раде Шербеџија, на што жената скокнала, му се фрлила во прегратка извикувајќи: „Боже, што ни направија! Раде да чува туѓи деца по Лондон!“
Раде вели дека очигледна жената не знаела дека тоа се неговите ќерќи, но подоцна и објаснил за што станува збор.
Оваа приказна Раде ја нарекува своја „Лондонска приказна“, но има и „Скопска“, за која раскажува како во седумдесеттите години дошол во Скопје за да настапи на Скопскиот фестивал заедно со Арсен Дедиќ и Јосипа Лисац. Раде раскажува дека настапувале во Универзална сала, и со носталгија се сеќаваше на тие времиња, кога Арсен пристигнал во Скопје со ново мастило сино палто, мошне модерно, а Јосипа Лисац со крзнена бунда, додека тој носел обична виндјакна. Но, по завршувањето на настапот кога се вратиле во гардеробата ја пронашле само неговата виндјакна, бидејќи во меѓувреме некој провалил во гардеробата и ги украл палтото на Арсен и бундата на Јосипа.
Искусниот музичар, шармер, актер и режисер, со огромна кариера и искуство зад себе има уште има да и каже на публиката со оглед на богатата и сестрана кариеара. „Чекај ме“, „Заборави“, „Не дај се Инес“, како и македонските песни „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“, „Со маки сум се родила“, „Твојте очи, Лено мори“ беа само мал дел од приказната која ја раскажа Шербеџија викендов во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.