| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци во Црна Гора затаиле данок во вредност од 100.000 евра

Поради основано сомневање дека сториле кривични дела даночно затајување и перење пари, вчера двајца македонски државјани и државјани на Црна Гора биле уапсени по наредба на црногорското Специјално државно обвинителство, јавува црногорскиот дневен весник „Вијести“.

Тие вчера биле испрашувани од специјалните обвинители во Подгорица, кои наредиле нивно притворање до 72 часа.
Меѓу уапсените се Д.С, Г. Ј и Е. С. Тие се обвинети дека како основачи на неколку компании избегнале плаќање данок во висина од над 100 илјади евра, додека некои од нив се обвинети за перење пари.

Од црногорското обвинителството објаснуваат дека осомничените основале неколку компании на чии сметки се уплатени пари, кои подоцна биле подигнати на име на материјални трошоци и на тој начин избегнале плаќање данок.

Државјанката на Република Македонија, Е. С, е основач на компанија во Будва „Бетпи компани“, чија активност, според регистарот на деловни субјекти, е изградба на станбени и нестанбени згради.

Според регистарот на стопански субјекти, името на уапсениот Г. Ј. е регистрирано во пет фирми со седиште во

Будва и во Подгорица, од кои две се избришани, а другите, исто како на и на Стојановски, главно се ангажирани во изградба на станбени и нестанбени згради.

Од црногорската полицијата ниту од обвинителството сè уште нема официјални информации за апсењето на македонските државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top