| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот министер Ненад Поповиќ дел од „рајските документи“

Меѓу „рајските документи“ што вчера ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) за финансиите на околу 120 политичари од повеќе држави, се наоѓа и името и српскиот министер без ресор задолжен за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Документите што излегоа од две агенции за оф шор услуги од Бермудските Острови и Сингапур, покажуваат дека Поповиќ поседува имот што вреди најмалку 75 милиони долари, а дека неговата пазарна вредност е повисока од 100 милиони долари, со што тој убедливо е најбогатиот српски политичар, открива белградската Мрежа за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК).

Освен од агенциите за оф шор услуги, беа изнесени документи и од 19 официјани регистри на компании, кои го откриваат работењето на многубројни српски бизнисмени.

Документите овозможуваат детален увид во империјата и богатството на министерот Поповиќ.

Откако во 2012 година стана потпретседател на Народното собрание, Поповиќ дошол до идеја неговото богатство да го реорганизира преку сложена мрежа на оф шор компании, од кои една во Хонг Конг и две на нританскиот островот Ман.

Правната фирма „Еплби“, која Поповиќ сакал да ја ангажира, меѓутоа, спровела истрага и открила различни контраверзии во однос на работењето на Поповиќ, особено во Русија.

КРИК најави дека подоцна ќе бидат објавени сите детали од работењето на Поповиќ.

До „рајските документи“ дојде германскиот весник „Зидојче цајтунг“, кој потаа ги сподели со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и со повеќе од 380 новинари во 67 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top