| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Војо заминува во Австралија: Ако беше жив, татко ми ќе се гордееше со мене!

Дамјан, синот на починатиот фолк-пејач Војо Стојаноски наскоро ќе замине во Австралија, каде ќе ја има својата прва музичка турнеја. Тој на 26. ноември ќе настапи на Фестивал на македонска храна, па ќе одржи неколку концерти во Сиднеј и Мелбурн, а во Мелбурн ќе пее и за дочекот на Нова година. Во интервју за „Фокус“ тој рекол дека отсекогаш знаел дека ќе се занимава со музика.

-Горд сум што сум син на еден од најквалитетните пејачи во македонската народна музика, и од татко ми научив многу. Кога имав 17 години, со него ја снимивме заедничката песна „Виножито“ која беше моја прва песна. Со неа настапивме и победивме на фестивалот „Гоце фест“. Пред две години започнав активно да се занимавам со музика, имам настапи и веќе снимив десет песни, рекол Дамјан во интервјуто.

Тој имал 18 години кога починал неговиот татко. Дамјан вели дека ќе го следи патот на татко си и ќе остане верен на народните македонски песни, кои беа најзастапени на репертоарот на Војо.

– Знам дека татко ми би бил горд на мене и тоа ми е доплнителен мотив да се посветам со уште поголема страст на музиката“, додал Дамјан, кој е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек соло пеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top