Џенифер Лопез и нејзиното момче, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, направија заедничка фотосесија за Марио Тестино односно за насловната страница на магазинот “Vanity Fair”.
Во последните неколку недели американските медиуми пишувале дека Родригез не ѝ е верен на атрактивната пејачка, па парот одлучил да ги замолчат гласините и да се појават на насловната страница на познатиот магазин. Фотографиите испаднале одлични, но една од нив предизвикала бурни рекации и фановите на Џенифер се налутиле.
Фотографијата на која Алекс ѝ го подигнува фустанот и ѝ го открива задникот на Џеј Ло, ни малку не им се допаднала на фановите и жестоко ја критикувале на Инстаграм.
“Зарем мораше да го покажеш голиот задник?, Ова е подеднакво сељачки како и пораката која ти ја прати Алекс. Ова не ти требаше, изгледаш вулгарно”, се само дел од коментарите на Инстраграм, а заљубената Џенифер е многу задоволна од тоа како испаднала фотосесијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст