| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарно: Песна на Карлеуша издлабена на надгробен споменик

Хитовите на Јелена Карлеуша се свират на слави, свадби, крштевки…Но, веројатно ни таа самата не знае дека стиховите на една нејзина балада завршиле на надгробна плоча.

“Афера” дошла до фотограгии на надгробен споменик на Милош Стојичевиќ Мрвица од Пожаревац кој починал кон крајот на јули минатата година на 25-годишна визраст, а на чиј надгробен споменик се издлабени стиховите од песната на Карлеуша.

“Moj dragi, treba mi vremena da te se ramena svog ko sneg otresem srce od kamena, telo bez plamena da sve to podnesem” се стиховите од песната на Јечена Карлеуша кои се наоѓаат на надгробниот споменик на Стојичевиќ.

По смртта на момчето кое немало родители неговите блиски одлучиле на неговиот надгробен споменик да стојат овие стихови, бидејќи тој бил верен овожавател на Карлеуша.

Изворите на “Aфера” нагласуваат дека момчето било и закопано со песна на Карлеуша.

– Додека го спуштаа во гробот ечеше токму балдата „Мој драги“ и целите гробишта одѕвонуваа, раскажал соговорникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top