Поради верскиот празник Задушница, денеска и утре во периодот од 06 до 16 часот ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров.
Поради изведување градежни работи ќе биде затворен и дел од улицата Александар Урдаревски (во реонот на гробиштата Бутел).
Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по улица Боца Иванова во правец од кружниот тек на улица Александар Урдаревски кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по улица Боца Иванова, лево, по улица Александар Урдаревски кон клучка Мирковци (обиколница).
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст