| четврток, 6 декември 2018 |

В недела албански протести во Скопје – се бара ослободување за терористите од „Диво Насеље“

Неколку албански невладини организации во Македонија најавија протест пред Основниот суд Скопје 1, изразувајќи незадоволство од пресудата изречена против „Кумановската група“, пренесува албански Телеграф.

-Некои невладини организации од граѓанската иницијатива организираат протест против казните со кои судот во Скопје ги осуди осудените лица во случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Протестите ќе започнат во недела, со почеток во 13 часот, објави Телеграф.

Протестите ќе започнат од плоштадот Скендербег и ќе бидат завршени пред Основниот суд Скопје 1, се вели во соопштението на невладините организации што протестираат. Демонстрантите ќе бараат меѓународен истражувач и преиспитување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top