Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром, пред кафулето „Ред Кафе“. Инцидентот се случил вечерва во 18 часот.
Полицијата потврди дека нападнатиот бил застрелан по што веднаш со приватно возило е префрлен во болница каде му се врши операција.
Очевидци за агенцијата МИА тврделе дека напаѓачот со четири до пет куршуми стрелал во пределот на главата и вратот на жртвата кој е активен фудбалер. Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На лице место на улица Владимир Комаров во Аеродром се врши увид. Застреланиот е идентификуван Мартин Јанушев, брифираат за ТВ Телма полициски извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.