Оперски ѕвезди од целиот свет пееја на хуманитарната гала вечер во средата вечер во Виена, во чест на 60-годишниот роденден на Аки од Македонија, во хуманитарна цел за децата болни од рак за детската болница „Света Ана“. Угледните гости кои ја наполнија најпознатата концертна сала во Виена, Музикферајн, каде што се одржува традиционалниот Новогодишен концерт, преку влезниците собраа 110 илјади евра кои ќе се донираат во болницата, а беа собрани и додатни средства од директни донации на самиот настан, пренесува порталот Сакам да кажам.
Аки Нуредини, сопственикот на познатиот ресторан „Соле“, сврталиште на светскиот оперски џет-сет, го организираше концертот насловен „О соле ностро“ на кој настапија 24 уметници, од кои 18 беа врвни солистички имиња, а останатите беа нивна инструментална придружба. Атмосферата беше свечена, емотивна, благорoдна, особено на самиот крај кога ѕвездите меѓу кои беа имиња кои своите кариери ги изградија во Миланската скала, Ројал опера хаус или во Метропoлитен, како Феручио Фурлането, Линда Вотсон, Елена Максимова или Марчело Џордани, Марко Вратоња, за нивниот пријател Аки, сите заедно ја испеаа „О, соле мио“. Долгата хуманитарна ноќ , по концертот од над три часа продолжи и пред ресторанот „Соле“, на стотина метри од Музикферајн, каде реномираните уметници ја испеаја популарната „Среќен роденден“.
Целиот текст ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст