Без оглед на тоа дали сте родени во знако на Бик или не ќе бидете под моќното влијание на енергијата на месечината која ќе ги осветли сите негови карактеристики во сите нас.
Бикот е приземен, земјен знак и ги претставува рационалните, одговорните и материјаните страни на животот, но и потребата да ги штити своите интереси и стабилност пред да помисли на другите.
Енергијата на Бикот е свртена кон грижата за себе за да постигнеме баланс, безбедност и удобност во животот.
Месечината е возвишена кога е во Бик што значи дека го обожува Бикот и Бикот ја обожува Месечината. Оваа меѓусебна поврзаност значи дека меѓу нив постои посебна врска. поради тоа лунарната енергија е исклуќително интензивна и прави сите да се чувствуваме ултра осетливи.
Дневен хороскоп за петок 3 ноември
Овие три нешта сигурно многумина ќе ги направат додека Месечината е во Бик:
1. Ќе направите нови приоритети или ќе завршите со одредени врски
Додека е Месечината во Бик ќе имаме потреба да им ја кажуваме вистината на луѓето кои ни се најблиски, меѓутоа тоа ќе го правиме само кога сме доволно самоуверени. Поради тоа многумина ќе водат разговори од кои вообичаено би се срамеле или ги избегнувале по секоја цена со цел да ги зајакнат постоечките врски или да им покажат на луѓето колку им значат.
2. Ќе го организираат и ќе го исчистат своето материјално богатство
Како што се празни Месечината за да биде исполнета со сјајот на Сонцетп и ние мораме да се ослободиме од материјалните нешта кои не ни се потребни во животот за да направиме простор за нови.
Ако имате нешта кои повеќе не ви носат радост, отарасите се од нив.
3. Ќе престанат да бидат тврдоглави
Сите родени во знакот на Бик се исклучително тврдоглави, а во текот на полна Месечина, без оглед на хороскопскиот знак, голем бро лица подлегнуваат на оваа тврдоглавост.
Енергијата на Бикот гарантира долгорочна игра, па ситацииите со кои би имале проблеми вообичаено повторно ќе испливаат на површина. Поради тврдоглавоста многумина ќе се препуштат на бројни деловни или љубовни прилики.
Сепак, нема простор за загриженост бидејќи во прашање е привремена состојба која на подобро ќе промени многу наши животни врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.